На 6 јуни 2024 година во Дом на АРМ, Струмица, се собраа 40 учесници од различни позадини и интереси за да разговараат за критичните проблеми во заштитата на животната средина и одржливиот развој. Овој настан ја истакна потребата од наше заедничко залагање за заштита на биодиверзитетот и промовирање на еколошки практики.
На настанот беа презентирани повеќе информативни презентации за најактуелните еколошки проблеми. Претставникот од Македонски шуми ги презентираше негативните последици од незаконско сечење на шуми, со акцент на потребата за построги мерки за заштита на шумите во Северна Македонија. Претставник од Институтот за биометрички истражувања во Скопје говореше за мониторингот на квалитетот на воздухот, важен за урбаната одржливост и подобрување на јавното здравје.
Клучен момент беше презентацијата на SDEWES-Skopje и за активностите на проектот SCALE-UP во развојот на биоекономијата во руралните области. Само со иновативни пристапи може да се оствари економски раст, истовремено осигурувајќи еколошка одржливост.
Настанот заврши со конкретни резултати: заинтересираните страни идентификуваа клучни стратегии за зголемување на био-базирано производството во еколошките рамки. Тие вклучуваат зголемување на размената на знаење за различни видови на биомаса, подобрување на изборот и собирањето на биомаса од процесните агро-фабрики, и промоција на интегрирани системи за компостирање.
Како дел од идните активности кои следат се предстојниот студентски натпревар во Струмица и изработка на био-базираните решенија кои се дел од пограмата за иновации преку платформата MAF+.