На 5-ти декември, SDEWES-Скопје ја организираше петтата средба на Регионалната платформана чинителиво Струмица како дел од проектот SCALE-UP. Настанот, кој се одржа паралелно со студентскиот натпревар, собра 10 учесници, вклучувајќи претставници од SDEWES-Скопје, Општина Струмица и две локални невладини организации.
Примарната цел на средбата беше да се поттикне соработка и размена на знаења меѓу засегнатите страни за напредок во имплементацијата на био-базирани решенија во руралните средини.
Агенда на средбата
Средбата поттикна активна вклученост на учесниците, кои разменија идеи и стратегии за подобрување на дизајнот и примената на мали био-базирани иновации. Се стави акцент на одржливоста, поддршката на иновации и промовирањето на економска отпорност во руралните региони.
Регионалната платформа на чинители останува посветна на својата мисија зазапознавање и употреба на засегнатите страни со алатки и знаења неопходни за имплементација на практични и еколошки решенија. Овие иницијативи играат витална улога во решавањето на локалните предизвици и придонесуваат кон постигнување на регионалните цели за одржливост.