Почетниот состанок за регионалната платформа во Струмица беше организиран на 7 февруари 2023 година во општинските простории. На средбата учествуваа осум претставници од општина Струмица, НВО Планетум и SDEWES-Скопје. Настанот се состоеше од два дела: состанок за официјален почеток на регионалната платформа и учество на работилница на тема „Од дигитална трансформација до иновации“ организирана од Фондот за иновации и развој на технологија врз основа на синергетски точки поврзани со развојот на иновативни бизнис идеи во областа на земјоделскиот сектор.
Учесниците беа запознаени подетално за проектот SCALE-UP, неговите активности, регионите и концептуалната рамка, како и концептот на регионалната платформа. Со воведување на Условите за работа, чинителите беа одблиску запознаени со активностите како членови во Струмичкиот регион. Регионалната платформа ќе биде фокусирана на: Одржување постојан дијалог помеѓу различни чинители; Усогласување на политиките и мерките во стратешките и планските документи на регионално и национално ниво; Помош при аплицирање до релевантни финансиски механизми; Организација на семинари, едукативни настани или други настани поврзани со конкретен синџир на снабдување; Организирање на други промотивни настани; Соработка со традиционалниот Струмички фестивал и формирање катче за промоција на биоекономијата и идентификација на добри биоекономски примери и поврзување во другите региони во Северна Македонија.
Дополнително, беше извршено мапирање на постоечките документи и проекти за био-базирани синџири на вредност (со фокус на компостирање) и идентификација на следните активности, чекор кој е клучен за понатамошно истражување во регионалниот развој на биоекономијата.